28 Март, 2024
0.0120

Граѓанските организации подготвија реформи за излез од кризата

Објавено во: 08 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Граѓански организации и експерти подготвија Предлог за итни демократски реформи, кои имаат за цел да ги вратат демократските стандарди и вредности во Македонија.

Со тоа сметаат ќе се врати и довербата на граѓаните во државните институции. Со предложените итни реформи кои ќе создадат услови за слободни, фер и кредибилни избори. Се предлагаат реформи во секторите: јавни финансии и економија, правосудство, борба против корупција, избори и изборен систем, медиуми, јавна администрација и други области.

„Сметаме дека овој документ треба да се прифати во целина. Прифаќањето на дел од документот, а отфрлање на друг дел, нема да доведе до посакуваниот ефект. Потребно е да се обезбеди суштинска вклученост на граѓанското општество во проценката на состојбите во институциите, но и во мониторингот и  евалуацијата на спроведување на овие реформи. Вклученост треба да постои на сите нивоа на власта  вклучувајќи ги и независните, надзорните и регулаторните тела“ - велат од граѓанските организации.

Поради степенот на „заробеност“ на државата од владејачките партии, најдобро е предложените мерки да ги спроведе експертска влада, сметаат граѓанските организации.

Овој документ денеска му беше презентиран и на Оливер Спасовски, генералниот секретар на СДСМ. Тој рече дека се потребни коренити реформи во државата,  кои ќе обезбедат квалитетен живот за граѓаните и демократска и сигурна иднина на Македонија.