Граѓани „подигнале“ брзи кредити без да знаат: Жртви на измамници ќе враќаат туѓи пари

Објавено во: Македонија 04 Март, 2021
Им барале фотокопии од лична карта и трансакциска сметка за хуманитарни цели, а податоците ги злоупотребиле за да земаат брзи кредити. Неколку граѓани од Источна Македонија се жртви на измамници преку социјалните мрежи. Во текот на минатиот месец во штипскиот Сектор за внатрешни работи повеќе оштетени граѓани пријавиле дека преку facebook и messinger, одредени лица им ги побарале личните податоци,
- Наведените податоци сторителите ги злоупотребувале за стекнување и добивање брзи кредити од финансиски друштва во Република Северна Македонија, преку електронско аплицирање во име на оштетените граѓани, притоа доведувајќи ги во заблуда дека паричните средства кои по одобрувањето на кредитите легнувале на трансакциски сметки на оштетените и се наводно помош од роднини на сторителите за лекување на болно дете. Паричните средства оштетените сами ги ваделе од нивните сметки и преку посредници им ги давале на сторителите, незнаејќи дека истите потекнуваат од претходно одобрени брзи кредити во нивно име. –изјави Гордана Панајотова, портпарол на свр-Штип, пренесува Сител
На овој начин измамените граѓани станале должници на финансиските друштва, иако парите ги дале на измамниците.
Можеби ќе ве интересира
НЕПОТИЗАМ, КРОНИЗАМ, КЛИЕНТЕЛИЗАМ, ПАРТИСКА ПОВРЗАНОСТ - во јавниот сектор и лани се вработувале малку „поеднаквите“ од другите

ЕПИДЕМИОЛОГОТ ДАНИЛОВСКИ: Цитокинската бура е последица од претерана стимулација на имунолошкиот систем

Продолжуваат мерките за ограничување на движењето до 27 април, но предвидени се исклучоци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонија ќе набавува вакцини од „Торлак“, Македонците кои се вакцинира, може да се ревакцинираат во Србија

Охриѓанец дал 4.500 евра на измамници кои го лажеле дека ќе добие наследство од Франција

Бројката на починати од коронавирусот надмина 4.500

Србите во Македонија нема да плаќаат патарини од 15 јуни до 15 август
