20 Април, 2024
0.0259

Граѓаните да ги извадат швајцарските франци од под перница: Една серија е повлечена треба да се заменат

Објавено во: Економија 23 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Швајцарија ја повлече осмата серија од издадените франци кои сега сите кои ги поседуваат мора да гизаменат. Такви франци имаат и македонските државјани па тие пари ако им се под перница, треба едноставно д агиизвадат. Од Народната банка велат дека условите за замена на странските пари коишто престанале да бидат законско средство за плаќање ги одредува издавачот на парите, во овој случај Швајцарската национална банка. Сепак велат дека имаат сознанија кои произлегуваат од јавно објавените информации од Швајцарската национална банка, дека нема рок за замената на овие пари, односно Швајцарската национална банка неограничено ќе ги заменува без надомест.

Инаку Националната банка на Швајцарија реши да ја повлече од оптек осмата серија банкноти заради подобрување на безбедносните елементи, што пак беше постигнато со деветата серија. Инаку претходно шестата серија беше повлечена на 1 мај лани, а седмата серија е резервна и никогаш не беше пуштена во оптек.

Граѓаните кои имаат вакви швајцарски франци инаку може да ги заменат директно в централата или во овластените филијали на Швајцарската национална банка. Парите може да бидат доставени, или, пак, со доставување на швајцарските франци во централата на банката, при што Швајцарската национална банка може да ја префрли вредноста на доставените швајцарски франци на сметка во странска банка, доколку субјектот поседува таква сметка, или на трансакциска сметка во некоја од домашните банки, којашто субјектот ќе ја наведе при доставувањето на парите. 

Од Народната банка информираат дека замената може да се врши и во деловните банки во Швајцарија коишто ги извршуваат овие активности во име на Швајцарската централна банка. Но за сите Македонци, граѓаните и правните лица кои поседуваат банкноти од осмата серија можат да ја вршат замената кај дел од деловните банки во земјата.

Инаку Македонците малку штедат во франци, но според некои истражувања кои се неофицијални, дури 20 отсто од дознаките од странство се од Швајцарија, или стасуваат во земјава како франци и по неформални канали.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор