Граѓаните дадоа оценка за работата на Собранието
Објавено во: Македонија 23 Август, 2019
Граѓаните ја оценија работата на Собранието со тројка.
Граѓаните оцениле дека квалитетот на дебата во Собранието е на ниско ниво и ја добива минималната потребна оценка за да може да се нарече дебата.
Дури 78 проценти од испитаниците кажале дека пратениците секогаш ги застапуваат интересите на своите почитички партии, по што следуваат личните интересни и бизнис интересите.
Анализите на институтот за демократија покажуваат дека народот повеќе му поверува на претседателот на државата, а на исто ниво е довербата во Собранието и Владата.
Институтот за демократија во рамки на проектот „Собранието под лупа“ поддржан од спроведе теренска анкета на 1.000 испитаници за перцепциите на граѓаните и јавноста за работата на Собранието во периодот од јуни 2018 до април 2019 година.