29 Март, 2024
0.0248

ГРАЃАНИТЕ СЕ ОСМЕЛУВААТ: Какви бизниси се отворени лани со поддршка од државата?

Објавено во: Економија 15 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Со поддршка на програмата Самовработување, во  2018 година основани се 983 новоформирани бизниси, каде дополнително се вработиле 151  лицe, потврдуваат од Агенцијата за вработување на Македонија.

Лидер во отворање на нови бизниси е главниот град.

„Најголем дел од бизнисите се отворени во Скопје 19 отсто, Тетово 11 отсто, Прилеп 8 отсто, Гостивар 7 отсто и Битола 6 отсто.  Најзастапени економски сектори при регистрација на фирмите се: Трговија на големо и трговија на мало, Преработувачка индустрија  и Други услужни дејности“, велат од АВРМ.

Дваесет и две годишната Ангела Стефановска од Куманово е една од многуте луѓе кои лани почнале свој бизнис. Оваа млада девојка вели дека не чекала долго време за работа.

„Имам продавница за накит и чанти, работам од ноември минатата година и досега сум задоволна. Се надевам дека и понатаму добро ќе оди работата. Јас и претходно работев онлајн, продавав, но посигурно е да се има фирма. На останатите им порачувам да пробаат, затоа што поинаку ако не пробаат нема да знаат. Поддршка има од државата и таа треба да се искористи“, вели таа.

Ако се вратиме наназад, во 2017 година, преку 3000 лица аплицирале на една од трите програми кои беа отворени како поддршка за претприемништво и основање сопствен бизнис (Самовработување, Старт-ап Програма за млади лица до 29 години и Самовработување на лица со попреченост), од кои 1648 лица ја завршиле обуката за претприемништво, се основале 1316 бизниси, и се реализирале 1418 вработувања. 

Мерките нудат финансиска помош за одреден временски период, по што луѓето кои отвориле фирма треба да продолжат да работат и да застанат на свои нозе.

Програмата Самовработување се имплементира од 2007 година и преку истата се регистрирале повеќе од 9000 правни субјекти со стапка на успешност која се движи помеѓу 65-70%.

Секоја петта активна компанија која се отворила на овој начин креирала нови работни места.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра