25 Април, 2024
0.0341

ГРАЃАНИТЕ СЕ РЕВОЛТИРАНИ, инцидентот во кој загина малата Јонада иницираше нови протести

Објавено во: Балкан 07 Август, 2022

Добивај вести на Viber

По истекот на 72-часовниот рок за оставка или разрешување на министрите Бленди Чучи, за внатрешни работи, Мирела Кумбаро, за туризам и генералниот директор на полицијата Гладис Нано, за утре пред Министерството за внатрешни работи во Тирана закажан е уште еден протест.

На првиот протест, во четвртокот вечерта илјадници граѓани се приклучија во знак на револт за она што се случи во Потам кај приморското градче Химара, каде 7-годишното девојче Јонада Авдиа загина од чамецот што го управуваше комесарот Арјан Тасе.

Инцидентот се случи на втори август во забранета зона за пловни средства, додека девојчето заедно со татко му пливале на петнаесетина метри од брегот. Семејството Авдиа кое дваесеттина години живеело во Велика Британија во родната земја било дојдено на одмор.

На протестот во четвртокот, што се одржа под мотото ” Не ја уби чамец, туку државата” беше побарано заминување на Чучи, Кумбаро и Нано, за кои се смета дека недоволно воделе грижа за безбедноста на крајбрежјето и оти со правилна примена на законот од нивните подредени трагичниот инцидент би се избегнал.

Од почетокот на туристичката сезона регистрирани се повеќе инциденти со чамци кои се движат покрај плажите.

Но, и покрај овие настани, и повремените осудувања во медиумите, требаше да се случи трагедијата од 2 август државата да интервенира и да не се види ниту еден пловен објект на плажите во последните денови.

Како и протестот на 4-ти август, така и утрешниот го организира граѓанскиот сектор, повторно поддржан од опозицијата, која повика на масовност.

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“