ГРАЃАНИТЕ ВО ПАНИКА ЅВОНЕЛЕ ВО ИНСТИТУЦИИТЕ: Зошто одекнаа сирените за тревога во Сараево?
Објавено во: Балкан 11 Август, 2022
Се огласиле сирените за тревога во босанскиот главен град Сараево, а граѓаните се во паника. Тие почнале да телефонираат во институциите за да прашаат за што се работи.
По грешка на сараевската Општина Центар, денеска напладне се вклучиле сирените. Сараевската телевизија N1 објави дека оперативниот центар на Цивилната заштита на кантонот Сараево појаснил дека тоа е вина на Општина Центар. На граѓаните им порачале дека нема причина за загриженост.
„Ја известуваме јавноста дека сирените се огласени по грешка, без потребното соопштение и предупредување. Сирената беше програмирана да се огласи минатиот месец, односно на 11 јули во 12 часот во спомен на жртвите од геноцидот во Сребреница. По грешка програмата за овој месец остана иста“, изјавиле од Општина Центар.
Во БиХ при распрадот на Југославија имаше војна која траеше повеќе од 3 години. Таа беше една од најкрвавите војни која се случила во Европа.
foto freepik.com/vwalakte