24 Септември, 2021
0.0230

ГРАНИЦИ ЌЕ ИМА, НО НЕМА ДА ВАЖАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ - српскиот претседател Вучиќ со амбиции за до 2023 година

Објавено во: Македонија 29 Јули, 2021

Дали од стартот на 2023 година ќе нема граници меѓу Македонија, Србија и Албанија, држави кои денеска го одржуваат големиот Регионален економски форум, на кој учествуваат премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, премиерот на Албанија Еди Рама, претседателот на Србија Александар Вучиќ, како и претставници на повеќе од 300 компаии од регионот и меѓународни институции.

Кога имавме идеја за вакво нешто сите имавме различни проблеми, на пример Србија и Албанија никогаш во минатото не биле блиски. Но ние одлучивме од погледот кон минатото главата да ја свртиме кон иднината и да размислиме и да им оставиме нешто на нашите деца, рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ на Економскиот форум во Скопје.

„Ние секако дека сите сме на Европскиот пат, но не сме глупави ниту наивни дека некој ќе работи во полза на нашите земји доколку тоа ние сами не го правиме“, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ на Економскиот форум кој денеска се одржува во Скопје.

Претседателот на Србија Вучиќ додаде дека со ова се докажува дека Србија, Македонија и Албанија докажуваат дека меѓу себе се способни да се помагаат и да го подобруваат животот на граѓаните.

„Доколку успееме да ги надминеме административните проблеми, од 1-ви јануари 2023 година нема да има граници меѓи нашите земји, граници ќе има, но нема да важат за нашите граѓаните. Тоа ќе биде историски момент“, додаде претседателот Вучиќ.

Економскиот форум ќе донесе олеснување и кај трговците, по денешните потпишани меморандуми секој кој продава било што нема веќе да застанува на граничните премини.

Можеби ќе ве интересира

Заев потврди: Зборот „бугарски“ пред „фашистички окупатор“ ќе се отстрани

Заев потврди: Зборот „бугарски“ пред „фашистички окупатор“ ќе се отстрани

СИМОВСКИ: МНОГУ СМЕ УПОРНИ, МОЖЕБИ И ЗДОДЕВНИ, НО НЕ СЕ ПРЕДАВАМЕ - ќе ги најдеме и ќе најдеме решение да ги попишеме сите граѓани

СИМОВСКИ: МНОГУ СМЕ УПОРНИ, МОЖЕБИ И ЗДОДЕВНИ, НО НЕ СЕ ПРЕДАВАМЕ - ќе ги најдеме и ќе најдеме решение да ги попишеме сите граѓани

ГИ ЗАГАДУВААТ ПОЧВИТЕ, ВОДИТЕ, ВОЗДУХОТ: Колку време е потребно за распаѓање на пластичните кеси?

ГИ ЗАГАДУВААТ ПОЧВИТЕ, ВОДИТЕ, ВОЗДУХОТ: Колку време е потребно за распаѓање на пластичните кеси?

На црногорско-албанската граница е најдена дрога во возило со македонски таблички

На црногорско-албанската граница е најдена дрога во возило со македонски таблички

ФАКТОР НА ДЕНОТ : Ќе има и трета доза вакцина, има реакции за најавите за исфрлање на „бугарски“ пред фашистички окупатор во учебниците

ФАКТОР НА ДЕНОТ : Ќе има и трета доза вакцина, има реакции за најавите за исфрлање на „бугарски“ пред фашистички окупатор во учебниците

Лице кое се претставило дека е од кабелска нападнало кумановка во нејзиниот дом

Лице кое се претставило дека е од кабелска нападнало кумановка во нејзиниот дом

КОРОНАВИРУС: Има 526 нови случаи и 14 починати

КОРОНАВИРУС: Има 526 нови случаи и 14 починати

Димитриевски: Има ли крај на ова самопонижување?

Димитриевски: Има ли крај на ова самопонижување?

Партиите го потпишаа Кодексот за фер и демократски локални избори

Партиите го потпишаа Кодексот за фер и демократски локални избори