29 Март, 2024
0.0291

Гранит го билда економскиот раст за 2019 година

Објавено во: Економија 22 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Најголемата домашна градежна компанија влегува во сериозен циклус на градежни активности. Компанијата Гранит објави дека во конзорциум со Интеграл Инженеринг ќе го гради автопатот од Коридорот 5Ц низ Република Српска, вреден дури 62,5 милиони евра. Договорот со Јавното претпријатие Автопати на Република Српска е потпишан завчера во Бања Лука. Инаку овој автопат поминува од правец помеѓу клучката Јоховац (Товир) и Руданка (Костајница).

Со овој договор градежната компанија Гранит добива сериозно забрзување во работата. Најтешката година во последниот период за македонските градежници, фирмата ја помина со намалени приходи, но со добивка од близу пет милиони евра. Според податоците за раст на македонската економија, градежништвото во последниот квартал лани има солиден раст по стагнацијата во претходните три квартали.

Аналитичарите велат дека ова е сигнал дека работите се менуваат, а дека и Гранит и другите градежни компании може да ги очекува добар период

„Градежните компании лани имаа тешка година, а Гранит според објавените финансиски резултати сепак помина многу добро. Последните податоци за растот на градежништвото, но и договрите за добиени вредни градежни активности сигурно ќе с ерефлектира дополнително добро врз работата на компанијата и финансиските резултати, може да се очекува да бидат уште подобри, вели Коста Костадиновски, директор на Илирика.

Според него дополнително градежниот сектор ќе добие „на сила“ со членството на Македонија во НАТО, затоа што нашите компании ќе станат квалификувани изведувачи на сите НАТО тендери. Според политиката на алијансата секаде каде има потреба се користат градежни компании кои се од земји членки. Костадиновски вели дека тоа ќе биде дополнителен поттик и ќе ја зголеми ширината на потенцијалниот пазар, осебено за Гранит кој има меѓународни референци.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра