26 Април, 2024
0.0348

Гранит „шиба“, а Бетон „каска“

Објавено во: Економија 06 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

„Гранит“ има една од своите најдобри деловни години, што не е случај за „Бетон“ чиј приход од продажба падна за 30 отсто, а оперативната добивка е намалена за 17 отсто

Двете најголеми градежни компании оваа година не се конкуренти. Бројките покажуваат дека „помалиот“ од големите , скопски „Бетон“ ќе може да биде презадоволен ако заврши како лани, а за разлика од него „Гранит“ има една од своите најуспешни години, барем гледано финансиски.

„Гранит“ за првите девет месеци годинава има приходи од продажна кои надминаа 65 милиони евра и во споредба со лани се повисоки за 12 отсто. Вкупните приходи на најголемата македонска градежна компанија достигнаа 68,5 милиони евра и во споредба со лани се повисоки за 10 отсто. Во структурата на приходите извозот на услуги е застапен со помалку од 10 отсто. Во споредба со лани приливот на девизи бележи пад за 68 отсто. Доминира учеството на компанијата на домашниот пазар. Во споредба со истиот период лани приходите на „Гранит“ пораснале за 48 отсто и достигнале 60 милиони евра.
Оперативните расходи на „Гранит“ растат паралелно со приходите од продажба. Во споредба со лани тие годинава изнесуваат 66,4 милиони евра и се за 10 отсто повисоки од истиот период лани. Оперативната добивка на компанијата до крај на септември е 2,4 милиони евра. Во споредба со истиот период лани е повисока за 5 отсто. Добивката на „Гранит“ за првите девет месеци годинава е 5 милиони евра. Од тоа, половина е добивка остварена од дејноста, позитивната разлика во финансиските приходи носи уште 1,4 милиони евра и зголемената вредност на акциите на „Гранит“ во „Комерцијална банка“ ја зголемуваат добивката уште за 1,1 милиони евра.

„Бетон“ има значајно послаба година во однос на лани. Приходите од продажба изнесуваат 13,4 милиони евра и во споредба со лани се пониски за 30 отсто. Оперативните расходи изнесуваат 13,3 милиони евра и очекувано ги следат приходите и годинава се пониски за 34 отсто во споредба со истиот период лани. Оперативната добивка на компанијата изнесува 100.000 евра и бележи пад од 17 отсто. „Бетон“ исто како и „Гранит“ го крепи суфицитот кој е разлика од финансиските приходи и финансиските расходи. И тој суфицит годинава е 141.300 евра за првите девет месеци. Добивката на „Бетон“ заклучно со крајот на септември изнесува 240.000 евра. 


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија