Граве осигурување е 100 % сопственик на Еуролинк осигурување
Објавено во: Економија 01 Април, 2020
Официјално
пред два дена Граве осигурување стана мнозински сопственик на Еуролинк
осигурување, откако помина транскацијата во која оваа австриска осигурителна
компанија купи 3.200 акции од Еролинк, осигурителната компанија чиј сопственик
е Трифун Костовски. На почетокот на март, Агенцијата за супервизија
на осигурување му даде на Граве Осигурување да го купи Еуролинк осигурување,
соопштувајќи дека е дадена согласност за стекнување
квалификувано учество од страна на Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG од Грац.
ГРАВЕ Осигурување АД Скопје во Македонија постои 12 години, а осигурителната компанија има 100 процентен сопствен капитал од Австрија.