25 Април, 2025
0.0304

Грчка инвестиција во Жабени и најави за дваесет нови вработувања

Објавено во: Економија 23 Октомври, 2013 20:54

Добивај вести на Viber

По  „Кромберг и Шуберт“ , денеска беа ставени темели на уште една странска фабрика во индустриската зона „Жабени“. Станува збор за грчката компанија „Виндор“ од Лерин. Во новиот погон кој треба да вработи 20 лица, ќе се произведуваат алуминиумски и ПВЦ врати и прозорци. Погонот се прави на површина од  2.500 метри квадратни метри, со површина на објектот од 340 квадрати, а вратите и прозорците ќе се продаваат во земјава. „Ќе продаваме во Македонија, а ќе извезуваме во Грција. Тешко е, но треба да се инвестира бидејќи ако застанеш, тогаш нема развој“, истакна на свеченоста Костас Мицопулос, основач на „Виндор“. На ставањето темели беше присутен и битолскиот градоначник Владимир Талески. Тој истакна дека има 28 инвеститори во битолската индустриската зона. Купени се 48 парцели, рече тој, а издадени осум одобренија за градба. „Продолжуваме успешно да го реализираме концептот за развој на индустриската зона „Жабени“. Грчкиот инвеститор ги знаел поволностите што ги нудат општината и Владата на Република Македонија и одлучи да гради во нашата зона. Наскоро ќе има уште една нова фабрика која ќе се гради во ИЗ „Жабени“, најави Талевски. Иако во „Жабени“ е продаден поголем дел од земјиштето, засега е изградена само една фабрика, онаа на  „Кромберг и Шуберт“. За неа од пари од буџетот беа дадени 1,5 милиони евра, потврди германскиот  инвеститор Ханс Ото  Кромберг, за решавање на проблемот со високото  ниво на подземни води.

Можеби ќе ве интересира

Ристески: Владината мерка за маржите ја поевтини храната за 3 отсто

Ристески: Владината мерка за маржите ја поевтини храната за 3 отсто

ПРАТКИТЕ ОД ТЕМУ СЕ ПЛАТЕНИ И ИМА МОЖНОСТ ЗА ЗЛОУПОТРЕБИ, НО НИЕ ИМАМЕ ЗАШТИТА ПРЕКУ КОДОТ ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА - Игор Гешовски, сопственик на ЕЛС, за Бизнис муабети на Фактор

ПРАТКИТЕ ОД ТЕМУ СЕ ПЛАТЕНИ И ИМА МОЖНОСТ ЗА ЗЛОУПОТРЕБИ, НО НИЕ ИМАМЕ ЗАШТИТА ПРЕКУ КОДОТ ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА - Игор Гешовски, сопственик на ЕЛС, за Бизнис муабети на Фактор

НОВИТЕ ГАЗДИ НА ХОТЕЛИЕРСКИОТ ГИГАНТ СО ГОЛЕМИ АМБИЦИИ И МИРНА ТРАНЗИЦИЈА ОД ЕРАТА НА ТАНЕВСКИ - за што ќе гласаат акционерите на „Македонијатурист“

НОВИТЕ ГАЗДИ НА ХОТЕЛИЕРСКИОТ ГИГАНТ СО ГОЛЕМИ АМБИЦИИ И МИРНА ТРАНЗИЦИЈА ОД ЕРАТА НА ТАНЕВСКИ - за што ќе гласаат акционерите на „Македонијатурист“

Кое е извозното чудо од Велес? За три месеци од извоз на конци и преѓа заработи 1,8 милиони евра!

Кое е извозното чудо од Велес? За три месеци од извоз на конци и преѓа заработи 1,8 милиони евра!

Ерата на отворање молови заврши, ритејл паркови сега никнуваат низ Македонија

Ерата на отворање молови заврши, ритејл паркови сега никнуваат низ Македонија

БОЛНИОТ ПАД НА ЕДЕН ОД НАЈМОЌНИТЕ ЛУЃЕ НА СВЕТОТ: Шваб обвинет за манипулација: Тој цврсто ги негира сите обвинувања

БОЛНИОТ ПАД НА ЕДЕН ОД НАЈМОЌНИТЕ ЛУЃЕ НА СВЕТОТ: Шваб обвинет за манипулација: Тој цврсто ги негира сите обвинувања

ЗА ОВА МОЖАТ ДА ВЕ ВРАТАТ ОД ГРАНИЦА: Доколку сте планирале патување, задолжително проверете една работа

ЗА ОВА МОЖАТ ДА ВЕ ВРАТАТ ОД ГРАНИЦА: Доколку сте планирале патување, задолжително проверете една работа

САКААТ ДА ЗАПРЕ ОДЛИВОТ НА РАБОТНИЦИ: Босанските синдикалци бараат минималец од околу 600 евра

САКААТ ДА ЗАПРЕ ОДЛИВОТ НА РАБОТНИЦИ: Босанските синдикалци бараат минималец од околу 600 евра

Состојбата со електричната енергија под постојан надзор – Координирана акција на клучните институции

Состојбата со електричната енергија под постојан надзор – Координирана акција на клучните институции