Грчка компанија лишена од можноста да го користи терминот „македонско“?
Објавено во: Балкан 19 Март, 2019
Кина одбила барање на грчка компанија за употребата на терминот „македонско“.
Образложението било дека не може да се користи без дозвола од соседната земја.
На 23 февруари, оваа земја одбила барање од грчка компанија за употреба на терминот „македонско“, со образложение дека потребна е дозвола за употреба од соседната земја. Оваа информација ја соопшти Мариа Спираки, портпаролката на грчката опозициска партија Нова демократија, на брифингот со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.
Спираки овој пример го спомена во контекст на посетата на грчкиот премиер, Алексис Ципрас на нашата земја. Според неа, „грчките бизниси веќе ја плаќаат цената од штетниот договор“.
„Со Договорот од Преспа, владата ги остави за три години нерешени прашањата за трговските имиња, трговските ознаки и за имињата за производите од нашата Македонија“ – смета Спираки.
Инаку, Ципрас на 2 април доаѓа во Македонија, објавија денеска грчките медиуми.