24 Април, 2024
0.0274

Грчката царина објави правилник: Трговците мора да го користат „Северна Македонија“ во документите

Објавено во: Економија 19 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Гувернерот на грчкиот самостоен орган за јавни приходи (ЈПП), Јоргос Пицилис, издаде правилник со инструкцииза постапките што царинските служби треба да ги следат во трговијата со Република Северна Македонија.

Во случај на сите царински документи доставени до надлежните царински испостави или во моментот на влегување во земјата или во канцелариите на крајната дестинација, шифрата "МК: Северна Македонија" се додава во соодветните рамки.

Сите документи кои ја поддржуваат увозната декларација (декларации, фактури, сертификати, дозволи, одобренија и сл.) треба да бидат со новото уставно име. 

„Затоа ги повикуваме економските оператори кои се занимаваат со царини да се осигураат дека точното име на Северна Македонија стои во сите документи испратени од нивните добавувачи“, се вели во повикот до грчките фирми кои набавуваат од Македонија.

- Не постои обврска за царинските органи да ги контролираат трговските имиња и трговските марки на стоката увезена во нашата земја, бидејќи Спогодбата предвидува формирање на меѓународна група стручњаци за барање на взаемно прифатливи решенија во рок од три години. Како резултат на тоа, постојната трговска практика е прифатена од страна на царинските органи и, доколку има какви било промени, ќе се усвојат нови директиви - се вели во Правилникот.

Правилникот ги опфаќа и сертификатите за транзит, , EUR1 и EUR-MED, кои сега треба да го носат името што е дадено во договорот. Ако сертификатот е пронајден со неприфатливо име, овој сертификат ќе биде одбиен од технички причини и треба да биде издаден нов од надлежните власти на Северна Македонија. Нов сертификат треба да се извади и ретроградно.

Името од договорот, исто така, треба да се користи во декларациите на одобрени извозници за потекло, фактури или кој било комерцијален документ.

- Кога извезуваме стока од нашата земја во Северна Македонија, и поднесените извозни декларации и придружните документи (фактури, конотации итн.) мора да бидат со новоприфатеното име - пишува во правилникот. 

Според тоа грчките увозници ќе мора да го заменат кодното име, а се наведува дека во сите документи кај грчките трговци треба да стои новото име за да се избегнат можните проблеми при увоз на стоката. Тука се вклучени декларации за потекло, фактури или кој било комерцијален документ.



Можеби ќе ве интересира

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела