Грчки анархисти нападнаа дипломатски претставништва
Објавено во: Балкан 23 Април, 2018
Грчката полиција уапси активист на анархистичката група Рубикон, откако нејзини членови ги нападнале Француската амбасада и Францускиот конзулат во Атина.
Електронското издание на „Катимерини“ јави дека уапсените најверорајно се дел од вкупно 130 лица кои од време на време учествуваат во такви акции и фрлаат бои над дипломатски преставништва..
На анархистичка интернет страница групата објави дека нападот бил израз на незадоволство поради француската интервенција во Сирија, како и солидарност со работниците кои штрајкуваат низ целата земја.