Грчки десничари бараат да се поништи Договорот од Преспа
Објавено во: Балкан 07 Септември, 2019
Десничарски организации и членови на Златна зора денеска на протест во Солун побараа поништување на Договорот од Преспа.
Членови на десничарски и националистички организации, членови на грчките здруженија од дијаспората, како и членови на Златна зора, меѓу кои и поранешниот пратеник Илиас Касидиарис се собраа кај споменикот на Александар Велики во Солун .
Според дел од солунските медиуми, кусо пред почетокот на собирот против Договорот од Преспа, полицијата превентивно привела околу 30 лица.
„Македонија значи Грција“; „Договорот од Преспа се поништува“; „Поништување на предавничкиот лажен договор, веднаш“, „Македонија почва грчка“, се дел од слоганите испишани на плакатите на протестот на оние кои што се собраа против договорот меѓу двете земји.