23 Април, 2024
0.0249

Грчки медиум го опиша Димитров како националист

Објавено во: Балкан 12 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Пред утрешната нова средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција со медијаторот на ОН Метју Нимиц, Михали Игнатиу, еден од најугледните грчки новинари објави анализа во која вели дека Димитров може да биде главниот виновник за неуспехот на преговорите за проблемот што Грција го има со името Македонија. Игнатиу не случајно во оваа своја анализа потсетува и на потеклото на Димитров дека е од Егејска Македонија.

Во текстот објавен на Hellasjournal авторот вели дека за разлика од Димитров, премиерот Зоран Заев е многу покооперативен. „Тврдокорниот националист Никола Димитров предизвика сериозни проблеми за време на разговорите во Виена, брифираат анонимни извори за нашата интернет страница. Димитров го предизвикал гневот на преговарачот Метју Нимиц, кој наводно го предупредил министерот на Скопје дека тој создава повеќе проблеми за својата земја отколку за Грција.

Според нашите извори, однесувањето на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас било за пример и дека тој го спасил потонатиот брод на преговорите, кои сега се карактеризираат со интензивни несогласувања.

Важно да се напомене дека предлозите на г-дин Димитров често биле во спротивност со оние на премиерот на Скопје, Зоран Заев во разговорите со неговиот грчки колега, Алексис Ципрас и со Коѕијас.

Заев покажувал подготвеност за компромис, спротивно на она што го изјавувал Димитров. Во написот пишува дека дипломатите во Скопје биле изненадени од тоа што премиерот сѐ уште не го сменил Димитров, главниот човек кој ги отфрла сите пакети за компромис од страна на Нимиц. Посредникот на ОН смета дека „толку сме блиску, а толку далеку од решението“, а одговорноста за тоа е во Скопје, пишува Михали Игнатиу.


Можеби ќе ве интересира

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?