19 Април, 2024
0.0289

Грчки медиум Та неа: Германија и ветила на Грција – ако се реши името, ќе се одложи кратењето на пензиите

Објавено во: Балкан 16 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Низа реакции за она што излезе во грчкиот медиум „Та неа“.

Ако се реши прашањето за името, тогаш антикризната мерка – кратење на пензиите, ќе се одложи за шест месеци подоцна.

 Ова според грчкиот весник „Та неа“ е ветувањето од Берлин до Атина, во разговорите меѓу Германија и Грција за затворање на долгогодишниот спор, но и што грчката страна би добила од тоа.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, весникот повикувајќи се на европски извори, пишува дека веќе изгласаната мерка за кратење на пензиите што треба да стапи во сила од 1 јануари 2019, би се одложила за шест месеци подоцна, како германски „подарок“ до Грција, доколку се постигне договор за името. Нешто што би му одело во прилог на Ципрас и на неговите изборни планови.

– Веродостојни европски извори, пренесувајќи ги за „Та неа“ разговорите што во позадина се водат меѓу Атина и Берлин, ги претставуваат Германците дека му ветиле на Алексис Ципрас размена со силна политичка корист за него и за СИРИЗА, во случај да постигне договор за името на Скопје со неговиот колега Зоран Заев. Станува збор за префрлање за шест месеци подоцна на мерката за кратење на пензиите, пишува весникот и додава дека со тоа владата би можела да земе даде длабок здив и ќе му го отвори патот на Ципрас кон распишување избори во мај 2019.

Текстот во „Та неа“, наиде на бура реакции во Грција, како од опозицијата која ја обвини владата за тајни преговори така и од владата која побара сериозност од Нова демократија.

– Владата треба да им ја каже вистината на Грците: преговара тајно решение на скопското прашање за да добие во замена шестмесечно одложување на кратење на пензиите, што е обврска која самата влада ја презеде со нејзината политика.  Да или не? Грците треба да знаат, вели портпаролката на Нова демократија, Марија Спираки.

Од грчкото МНР за грчката новинска агенција АНА-МПА побарале сериозност од портпаролката на опозициската партија, додека пак од кабинетот на Ципрас велат дека се недостојни за коментирање секојдневните „бедни натписи во медиумите“.

Извор: Либертас


Можеби ќе ве интересира

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри