25 Април, 2024
0.0273

Грчки медиуми откриваат: Ципрас и неговиот опонент тајно се сретнале

Објавено во: Балкан 16 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Тајна средба, според грчкиот весник „Та неа“, имале вчера грчкиот премиер Алексис Ципрас и неговиот коалициски партнер и министер за одбрана Панос Каменос.

Средбата не била во премиерската палата, туку во Клубот на воени лица, каде што кусо по 15 часот имале работен ручек.

Според „Та неа“, двајцата коалициски партнери, го потврдиле нивниот договор да продолжат заедно до март, односно до моментот кога Договорот од Преспа ќе стигне во грчкиот Парламент.

- За време на ручекот, што беше по силните напади кон претседателот на Независни Грци од голем број функционери на СИРИЗА за време на состанокот на Централниот комитет, Ципрас и Каменос се согласија и покрај било каквите разлики меѓу нив, да продолжат заедно барем до март, кога се очекува во грчкиот Парламент да стигне Договорот од Преспа, пишува грчкиот весник.

Средбата доаѓа по враќањето на Каменос од САД, каде што говореше за план Б за Договорот од Преспа и предизвика реакции во Грција, како од членови на Владата, така и од опозициските партии.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, иако грчките медиуми вчера наутро споменуваа дека е можна средба на Ципрас и Каменос, сепак, официјално не беше ништо најавено, а самиот министер за одбрана во вчерашното интервју за ЕРТ, одби да даде конкретен одговор дали и кога ќе се сретне со грчкиот премиер.

За средбата нема официјална потврда ниту од кабинетот на Ципрас, ниту од кабинетот на Каменос.

„Та неа“ заедно со текстот, објави и фотографии од моментите кога одвоено, со разлика од три минути, пристигнуваат Каменос и Ципрас.

Двајцата коалициски партнери, денеска, јавно и официјално ќе седнат на заедничка маса на владината седница со која ќе заседава грчкиот премиер Алексис Ципрас, а ќе бидат присутни сите министри


foto: ta nea/ извор МИА

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)