ГРЧКИ МЕДИУМИ ЗА СРЕДБАТА ВО ЊУЈОРК: Предлогот Илинденска Македонија го уназади договорот
Објавено во: Балкан 25 Мај, 2018
Новинарите во Грција без могу детално анализирање или коментари , нагласуваат дека Грција го отфрлила предлогот „Репблика Илинденска Македонија“, а дека се бара да се пронајде согласност за еден од предлозите на Метју Нимиц, и дека новиот состанок повторно е од клучно значење.
„Скопското прашање: Името повторно се врзува“, „Состанокот на Коѕијас и Димитров со Нимиц во сенка на Илинден“, „Уште еднаш шанса за решавање на скопското прашање“, „Состанокот Димитров-Коѕијас: Илинденска пропадна, има многу алтернативни имиња“, се дел од насловите на онлајн изданијата на грчките медиуми за вчерашниот состанок во Њујорк на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција со специјалниот претставник на ОН.
„Ова ќе биде прва средба на претставници на двете земји, од минатиот четврток и разговор кој во Софија го имале премиерот Алексис Ципрас и Зоран Заев, по кратко и веројатно несреќен курс, кој го имаше името „Илинденска Македонија“, пишува Катимерини и коментира дека „очигледно проблемот е во ерга омнес и неможноста на двете земји да дојдат до име кое ќе го задоволи овој услов“.
Со четири предлози на маса состанокот Коѕијас - Димитров -Нимиц бил неопходен бидејќи Атина го одби предлогот „Република Илинденска Македонија“. Потребно е да се пронајде сеопфатно име кое ќе “помине“ во двете земји, пишува порталот „Њујз 247“.
Информативниот портал „Ајфимерида“ повикувајќи се на грчки владини извори пишува дека Атина е воздржана.