20 Април, 2024
0.0278

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Како известуваат за посетата на Коѕијас?

Објавено во: Балкан 23 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Спорот со името и посетата на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас на Македонија е топ тема во грчките медиуми.

Весникот Катимерини по средбата на Коѕијас со неговиот македонски колега Никола Димитров пренесува дека разликите на двете преговарачки страни, само се потврдиле.

„Можат да се забележат значајни разлики во преговарачките позиции на Грција и Скопје, и покрај продолжувањето на консултациите. Еден од проблемите е промената на Уставот на земјата, што беше потврдено и со одговорите на Никола Димитров на новинарите, кои покажаа скептицизам во врска со можноста за ревизија на Уставот“, -  Катимерини

Весникот наведува и дека спорот со името во изминатиот период се интензивирал и на меѓународно ниво, а како причина за тоа го наведува можното влегување на Македонија во НАТО.

Катимерини потсетува на американските апели за решавање на спорот, но и на јасното предупредување од Москва до Скопје дека пристапот на Македонија во НАТО ќе создаде проблеми во билатералните односи меѓу двете земји. 

Наведуваат и дека грчката страна не е задоволна од предлогот кој бил доставен од македонска страна.

„Овој текст како да беше напишан од самиот Груевски, затоа што ги содржеше сите радикални позиции на скопската страна“, -  пренесува ЕРТ

Грчката телевизија Антена  пренесува дека главна пречка е Уставот на земјата и барањето за име за севкупна употреба.

„Се покажа дека во двата текста од Атина и Скопје, постојат важни разлики, а главниот „трн“ е Уставот. Грција смета дека по секоја цена треба да има уставна ревизија и да се смени уставното име затоа што само така ќе важи ерга омнес. Скопјаните, пак сакаат двојна формула“, - јави Антена

Медиумите кај јужниот сосед пишуваат дека денешниот ден е особено важен, затоа што по маратонските средби во Скопје би се разјаснило дали има поклопување на позициите на двете земји во пресрет на состанокот со медијаторот, Метју Нимиц кој треба да се одржи идната недела во Виена.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест