28 Март, 2024
0.1745

Грчкото МНР контра Црквата - Вие ли ќе ни кажете за кое име да преговараме?

Објавено во: Балкан 11 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Грчкото МНР излезе со сериозна реакција на одлуката на Светиот Синод на Грчката црква да не биде прифатен терминот „Македонија“ во спорот за името со нашата земја, што го сметаат за директно мешање на црквата во државни и дипломатски прашања. Владата предводена од социјалистот Ципрас сака да повлече линија кога е во прашање секуларизмот и постави пет клучни прашања за Грчката црква.

1. Дали раководството на црквата одлучи да чекори заедно со неноацистичката конструкција на Златна Зора?

2. Дали црквата реши отворено да се меша во политиката на земјата? Ги премина границите на нејзините надлежности. Ако не, можеби да ни каже црквата и кое име го сака, за владата за тоа име да преговара со Скопје.

3. Црквата не се ни потруди да ја праша владата за да биде информирана за текот на преговорите.

4. Црквата се меша во државни и дипломатски случаи за сериозни национални прашања од надворешната политика, а во исто време не сака државата да се меша во нејзините свети случаи.

5. Црквата треба да биде особено внимателна и да се фокусира на националниот интерес, а не на личните интереси на архијереите.

Овие ставови на изворите од грчкото МНР за „Катимерини“, ги коментирал член на Светиот синод на грчката православна црква, кој рекол дека црквата не се меша во политиката, но има право да го изрази своето мислење, „слушајќи ги агониите на грчкиот народ“.

– Бидејќи прашањето, освен национално и политичко, е и црковно, Министерството за надворешни работи нека ги испрати неговите прашања до главната православна црква, до Вселенската патријаршија во Истанбул, која најдобро од сите ги знае прашањата што се однесуваат на расколничката црква на Скопје, која самата се нарекува „македонска“, коментирал за „Катимерини“, член на Светиот синод на ГПЦ.

Како што вчера јави дописникот на МИА од Атина, Светиот синод на Грчката православна црква по дводневната седница, го повтори ставот дека не прифаќа терминот Македонија или било каков друг изведен збор да биде вклучен во името.

Смета дека името на државата ќе има влијание и врз името на како што велат, „расколничката самопрогласена македонска црква“, а според грчките медиуми, Светиот синод испратил допис до грчкиот премиер Ципрас за да ги изрази ставовите на црквата.

На крајот од дводневната седница, грчкиот архиепископ Јеронимос, рече дека црквата има секакво оправдување да се интересира за конкретното прашање поради огромната раздвиженост што постои, поради тоа што не е само национално, туку и црковно прашање.


Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)