19 Април, 2024
0.0290

Грци на погреб во Албанија скандираа против Македонија

Објавено во: Балкан 08 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Грците кои беа на погреб во Албанија каде полицијата уби етнички Грк, денеска ги навредуваа Албанците, но и нашата земја.

Оние кои присуствуваа на погребот на Константинос Кацифас, во селото Буларат, покрај навредливите пораки кои ги извикуваа кон Албанците, како на пример „Албански кучиња“, „Албанци одете си, ова е Грција“, скандираа и „Ворио Епир е грчка и Македонија е грчка“.

Ворио или Северен Епир, Грците го нарекуваат јужниот дел на Албанија.

На погребот дојде и грчкиот пратеник од Нова демократија Савас Анастадиас, како и албанските поранешни министри и екс пратеници, Спиро Ксера и Ванѓел Таво, кои се етнички Грци, како и лидерот на Партијата за заштита на човековите права, во која членуваат албанските Грци и актуелен пратеник Вангел Дуле, кој во изјава за медиумите побара побрзо да се открие вистината за убиството на Кацифас.

Таму беше и кипарската европратеничка Елени Теохару, која пред некој ден изјави дека прашањето за Кацифас ќе го испрати до Европскиот парламент.

На албанските медиуми семејството на убиениот не им дозволи да се приближат до нивната куќа. Тие не давале ниту изјави за нив затоа што „не ги признавале албанските, туку само грчките медиуми“.

На преминот Какавија, на албанско-грчката граница кај Ѓирокастро, каде има засилени мерки на контрола, приведени се двајца грчки државјани, кои со себе имале оружје и маски, додека на осум други грчки државјани не им е дозволен влез во Албанија, поради, како што се наведуваат албанските медиуми „нивни екстремистички однесувања“. 

Грчките министертва за надворешни работи и за одбрана претпладнево упатија апел за воздржаност до грчките граѓани кои се во Буларат.

Албанското Министерство за внатрешни работи, заради безбедносни причини има ангажирано свои претставници од сите сектори. Сепак не биле забележани во близина на погребната поворка униформирани лица, но селото беше надлетувано од полициски хеликоптер.

Лидерот на партијата на грчкото малцинство во Албанија, Партијата за заштита на човековите права, Вангел  Дуле, изјави дека вистината за убиството на албанскиот Грк, Константинос Кацифас мора да излезе на виделина.

Кацифас (35), албански Грк, кој поседувал и грчко државјанство, беше убиен на 28 октомври во престрелка со припадниците на албанската специјална полициска единица „Ренеа“. Тој и неговите две сестри со години живеат во Грција, додека родителите во родното Буларат, кај Ѓирокастро, во близина на албанско-грчката граница.

Ова убиство го залади односите меѓу двете земји. 

Викендов на еден од стадионите во Албанија навивачите носеле транспарент со натпис „Еден Грк помалку, едно ко..ле помалку“. Тоа поттикна бран на реакции од Атина, па грчкиот пратеник во парламентот Вангелис Дулес, односите на Тирана кон етничките Грци ги опишал како „чиста омраза“.

Можеби ќе ве интересира

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци