Грци, време е ... Дајте ги аеродромите!
Објавено во: Економија 18 Март, 2017
Европската комисија го одобри трансферот на 14 грчки аеродроми на германскиот конзорциум Фрапорт и наведува дека сега на Грција останува да го финализира договорот.
Спогодбата е клучен дел од програмата за излез од должничката криза.
Комисијата соопшти дека може да се продолжи со спроведување на договорот вреден 1,23 милијарди евра, бидејќи не подразбира помош на државата, транспарентен е и во согласност со грчкиот партнер.
Во соопштението се наведува дека грчките власти сега треба да го завршат предавањето на регионалните аеродроми на 40-годишно управување на германскиот конзорциум Фрапорт и неговиот грчки партнер Копелузос.
Спогодбата требаше да стапи на сила кон крајот на минатата година.
Аеродромите кои се дел од договорот за концесија се во Солун, Миконос, Санторини, Родос, Крф, Закинтос, Кефалонија, Кос, Лезбос, Ксијатос, Самос, Хани, Кавали и Актион.