ГРЦИЈА ДЕНЕСКА ГИ ОТВОРА ГРАНИЦИТЕ: На Евзони може да влегуваат и граѓаните на Македонија
Објавено во: Македонија 14 Мај, 2021
Од денеска Грција
ги отвора границите за странски туристи по цела година откако се затвори заради
пандемијата на корона вирусот. Влезот е дозволен и за граѓаните на Македонија,
а правилата се исти како и за останатите странски туристи. Во земјата може да
се влезе со потврда за вакцинација, со која било вакцина, со негативен ПЦР тест
не постар од 72 часа, како за возрасни, така и за деца над 5-годишна возраст,
додека за помалите не е потребен, како и со антигент тест со кој се потврдува
дека лицето ја прележало болеста.
Деталите и самиот документ може да се најдат на овој линк: The Passenger Locator Form и за негово пополнување потребни се пасошите и сообраќајната дозвола, доколку се патува со сопствено возило.
Инаку, секој кој ќе пристигне во Грција, без разлика каква потврда има, може да биде избран за проверка со брз тест. Резултатите од овие тестови се готови по околу 10 минути. Оние што ќе бидат тестирани се должни да бидат во изолација додека не се добијат резултатите од тестот. Ако резултатот од тестот е негативен, изолацијата престанува, а ако е позитивна, домашниот карантин се одредува 14 дена.