ГРЦИЈА ДЕНЕСКА ГИ ОТВОРИ ПЛАЖИТЕ, ОД СЛЕДНИОТ ВИКЕНД ОЧЕКУВА ТУРИСТИ: Без ограничувања влез за вакцинираните или со негативен ПЦР тест
Објавено во: Балкан 08 Мај, 2021
Плажите и и
баровите денеска и официјално се отворени во туристичките места во Грција, но
мерките и протоколите за работа се уште се на сила, а тоа подразбира потребно
расојание меѓу лежалките и чадорите и нема музика. Задолжителната дистанца е од
четири, односно два метри, меѓу соседни лежалки со чадор, кои се наместени само
за по две лица, освен ако не станува збор за семејство.
Вработите на плажите, задолжително мора да носат маски, како и редовно да прават брзи тестови.
Денешното отворање на плажите е точно една недела пред почетокот на туристичката сезона во Грција, а уште во текот на минатата недела премиерот Кирјакос Мицотакис најави дека Грција ќе ги прими сите туристи кои се целосно вакцинирани. Добредојдени се и оние кои ја примиле и руската вакцина „Спутник V“ без никакви ограничувања.
-Не гледаме причина да правиме разлика затоа што според информациите што ги имаме, руската вакцина е безбедна и ефикасна. Тоа значи дека туристите од Русија, што е голем пазар за нас, и сите оние кои биле вакцинирани со „Спутник V“ можат слободно да патуваат, истакна Мицотакис.