19 Април, 2024
9.1468

ГРЦИЈА Е КАТЕГОРИЧНА: Неопходно е да се смени уставот на Македонија

Објавено во: Балкан 12 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Потребна е промена на Уставот, за да биде името како за внатрешна така и за надворешна употреба, а и за да бидат избегнати идни обвиненија дека биле прекршени уставните тестови.

Тоа го кажал во интервју за грчкиот весник "Документо" министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас кој изрази умерен оптимизам за решавање на спорот околу името на Македонија. 

Според Коѕијас , двете земји сé уште имаат многу работа. Во интервјуто тој објаснува зошто Грција инсистира на промена на македонскиот устав. 

"Промената на Уставот на пријателот и соседот значи прво, имплементација на ерга омнес, односно употреба на новото име во сите случаи, на меѓународно и внатрешно ниво, како и за избегнување на идни несогласувања кои би произлегле без оваа промена. Второ, дека во иднина би се избегнало друга влада кај соседот да побара објаснувања за прекршување на уставот, ако Меѓународниот договор излегува од надлежностите", вели шефот на грчката дипломатија. 

За несогласувањата, кои тој ги спомна, Никос вели дека во период на глобализација кога се користат две различни имиња - едно за меѓународна, друго за внатрешна употреба, несогласувањата се неизбежни. Според Коѕијас одлуката не треба да биде "едниот да го наметне неговото мислење на другиот", а во пакет договор кој ќе содржи неопходни взаемни компромиси.

 Грчкиот министер за надворешни работи смета дека договорот треба да ги вклучува прашањата кои се разгледуваат во ОН, да биде укинат иредентизмот и да бидат предвидени мерки и услови за да нема повторно појавување, поддршка за интеграција на соседната земја во меѓународни организации и заеднички активности, и додава дека е потребен период од време, за да се исполнат овие работи, бидејќи, како што вели тој, "светот не се менува за еден ден, дури и на Господ, според Библијата, му беа потребни 6 дена за да се создаде". 

"Се разбира, тоа не е исполнување на некој апстрактен метод за поделба на одлуката на делови, а елемент на прагматизам, реализам, решителност и чувство на одговорност", вели Коѕијас во однос на спроведувањето на евентуалното решение. На прашањето дали еден меѓународен договор би бил доволен за да се избегнат уставни промени во Македонија, Коѕијас се потпира на претходно искуство со одлуките на националните судови на земјите-членки на Европската унија. 

"Врз основа на член 27 од Виенската конвенција за договорите, во содржината преовладува над националното законодавство. Сепак, овој принцип не се применува почесто. Ние ги знаеме одлуките на националните уставни судови на земјите - членки на ЕУ во врска со подреденост или не на националното законодавство на европското, за прашања поврзани со суштината на Уставот, а името е едно од нив". Според нив уставот го надминува секој меѓународен договор, објаснува Коѕијас 

Во интервјуто шефот на грчката дипломатија изјавил дека можноста за решение се појавила и поради политичките принципи на грчката влада, поради мерките за градење доверба, но и поради промената на власта во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот