24 Април, 2024
0.0278

Грција казнета со 200 милиони евра за внесување ултра-евтини и сомнителни кинески производи во Европа

Објавено во: Економија 15 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Канцеларијата на ЕУ за борба против корупција (ОЛАФ) издаде парична казна од повеќе од 200 милиони евра за Грција поради тоа што не успеа да спречи ширење на даночната евазија од страна на кинеските криминализирани трговци кои увезуваат ултра евтина стока преку Пиреја,  најголемото пристаниште во земјата, објави порталот Политико во понеделникот.

Криминалната мрежа ги избегнува увозните давачки и данокот на додадена вредност за увезените обувки и облека, а потоа овие производи лесно се шират на европскиот пазар.

"ОЛАФ може да потврди дека ја заврши истрагата во врска со сомнителниот увоз на конфекција и чевли во Грција во периодот од 1 јануари 2015 година до 31 мај 2018 година", се цитира потврдата на ОЛАФ за Политико.

"Врз основа на своите наоди, ОЛАФ издаде финансиска препорака до грчката царина за враќање на износ од 202,3 милиони евра за изгубени царински давачки поврзани со измама околу декларираните вредности за таквите производи", додаде тој.

Политико објави дека грчките власти не го коментирале извештајот на ОЛАФ.

Пиреја е дел од кинескиот инфраструктурен проект за трговија со Европа.


Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава