22 Мај, 2018
0.2911
    ALK 7923.39    -1.94%     CEVI 927    -2.93%     EUHA 3    0%     EVRO 3000    7.26%     GRNT 716    -1.35%     GTRG 3000    0%     KMB 4300    -0.99%     MKSD 200    -1.96%     MPT 31000    0.54%     MTUR 4100    0%     OKTA 3550    -4.05%     PPIV 44478.76    -0.05%     RMDEN09 98.5    1.55%     RMDEN10 98    0.2%     RZLV 44.13    -1.93%     STB 1018.27    0.5%     STBP 1121.15    1.19%     STIL 131.24    -0.75%     TEL 270    0%     TNB 13488.48    -0.09%     TPLF 1543.72    -3.93%     UNI 2361    -2.44%     ZILU 263.29    7.47%     ZPKO 2857    0.04%

Грција мора побрзо да го реши проблемот со Македонија за да се фокусира на Туција како закана

Објавено во: Балкан 11 Февруари, 2018

Во Грција се повеќе се прават обиди да се сврти вниманието кон Турција која дел од аналитичарите ја гледаат како закана за грчката безбедност, па затоа треба што побрзо да се реши спорот за името со Македонија за да може да се насочи целиот домашен и дипломатски политички потенцијал.

 Агресивната реторика на Анкара во контроверзите во Егејското Море претставува директна закана, а Атина мора да биде внимателна при изборот на одговорот пишува новинарот Том Елис во својата колумна, објавена во грчкиот весник „Катимерини“,

Командантот на турските вооружени сили генерал Хулуси Грини изјави  за време на инспекција на турските војници во северозападна Сирија дека Турција има можности ” истовремено да спроведува воени операции во Африн и Егејското Море”.

 ” Ова   служи како цврсто потврда на сомневањата дека Анкара направила избор не само отворено да оспори статус кво во Егејското Море, но и исто намерно и методично да го зголеми агресивниот тон на реторика“, алармира весникот.

Токму во таа ансока „Катимерини“ коментира дека :„Во Грција долго време зборуваме и бараме вина во името на ПЈРМ, иако повеќето земји во светот ја признаа под името Република Македонија пред многу години. Продолжувањето на овој дипломатски ќорсокак ги двои нашите сили на два фронта“, предупредува авторот. Според него, односите меѓу Атина и нејзиниот северен балкански сосед можат да се развијат преку поумешен и пофлексибилен пристап, па и да ја претворат Македонија во најблискиот сојузник на Грција.

„Во исто време има еден друг сосед на Грција, кој ги прикрива своите претензии кон Атина, но со своето однесување и говорите претставува вистинска закана, нагласува Том Елис во коментар со наслов „Односите со ФИРОМ и влијанието на Турција“.

 „Се разбира, важно е и прашањето со името на ФИРОМ и заслужува внимание и вешто ракување со него, но секоја земја и особено Грција, треба да им даде приоритет на предизвиците и да реагира на соодветен начин. Колку подолго се влошуваат односите меѓу Атина и Скопје, толку повеќе Турција го зголемува своето влијание на Балканот, како дел од политиката на Анкара, која има јасни геостратешки цели и религиозна димензија. Претседателот Реџеп Таип Ердоган, ретко пропушта можност да изрази поддршка за пристапувањето на ФИРОМ кон НАТО и постојано ја обвинува Грција дека дејствува неправедно со тоа што и го попречува влезот, до решавањето на спорот за името. Во повеќе јавни говори, турскиот претседател вели дека Турција и Македонија се братски земји и дека помеѓу Анкара и Скопје нема никакви разлики. Тој вели дека Турците никогаш нема да се откажат од македонските браќа и дека Турција секогаш е на страната на Македонија. Едоган дури и тврди дека Анкара нема да дозволи промена на името на Македонија“, стои во коментаторот на „Катимерини“.

Понатаму во текстот се додава дека Турција веќе има големо влијание на Балканот, а сега ќе го зголеми дополнително. Во овој контекст, авторот смета дека подобрувањето на односите со Македонија би се покажало од витално значење за интересите на Грција.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) ПАЃАШЕ ГРАД: Побелеа градовите

(ФОТО) ПАЃАШЕ ГРАД: Побелеа градовите

Каменос: Скопјаните го имаат убедено нивниот народ во еден мит што го изгради Тито

Каменос: Скопјаните го имаат убедено нивниот народ во еден мит што го изгради Тито

Турците ќе ја освојуваат вселената - но како?

Турците ќе ја освојуваат вселената - но како?

(ВИДЕО) Еве како насилниците го нападнаа Бутарис

(ВИДЕО) Еве како насилниците го нападнаа Бутарис

Додик вели не смеат Србите да се колебаат за единство на РС и Србија

Додик вели не смеат Србите да се колебаат за единство на РС и Србија

Џафери на гости кај Брнабиќ

Џафери на гости кај Брнабиќ

Вучиќ: Македонија ќе добие само пофалба

Вучиќ: Македонија ќе добие само пофалба

СТРАВ ВО КОСКИ: Се плашат од сограѓаните кои се бореле за ИД

СТРАВ ВО КОСКИ: Се плашат од сограѓаните кои се бореле за ИД

Бебе паднало од тереса - лекарите се борат да го спасат

Бебе паднало од тереса - лекарите се борат да го спасат