Грција не сака да ги менува „пучистите“ за заробени војници со Турција
Објавено во: Балкан 23 Април, 2018
Грчката влада го отфрли предлогот на Турција за размена на двајца грчки војници приведени во почетокот на март поради илегален влез во Турција за осум пребегани турски војници кои Анкара ги обвинува дека учествувале во обидот за пуч во јули 2016 година.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека двајцата грчки војници не можат да се вратат во својата земја ако Атина не ги израча осумте турски војници. Владата во Атина оцени дека ваквиот предлог не е прифатлив.