Грција повторно ќе биде „на удар“ на невреме
Објавено во: Балкан 24 Ноември, 2019
Грција ќе биде погодена од невреме и во овие три дена, што ќе донесе сила на ветер и ураган во егејскиот регион, соопшти вчера Националната агенција за метеорологија.
Невремето ќе ја погоди земјата во три фази. Невремето и дождот ќе зафатат поголем дел од земјата денеска, со исклучок на источна Македонија и Тракија, пишув весникот „Катимерини“.
Од денеска вечер до понеделник попладне се очекува силно невреме кое ќе се движи од запад кон исток и ќе ја погоди целата земја, вклучително и Атина.
Третиот бран невреме ќе ги погоди највисоките јужни и источни делови на земјата.
А вчера утрото познатите грчки летувалишта осамнаа под вода, што следуваше откако завчера вчера вечерта силно невреме ја зафати Грција, страшни поплави и кал кои носеа сè пред себе.
Надојдената вода носеше и автомобили низ улиците.