Грција регистрира позитивни случаи на новиот сој на граничните премини

Објавено во: Балкан 25 Јануари, 2021
Во земјата Грчкиот
весник „Катимерини“ денеска пишува дека здравствените власти во Грција досега откриле 32 пациенти со новиот британски сој на корона вирусот.
-Лабораториските тестови на 235 примероци земени од граничните премини, болниците и луѓето кој биле во близок контакт со потврден случај на мутиран вирус покажаа дека 32 се позитивни на на т.н.британски вид на корона вирусот, пишува „Катимерини“.
Здравствените власти во таа земја објавија дека 17 позитивни примероци биле откриени во Атина.
Истовремено, британскиот премиер Борис Џонсон минатата недела предупреди дека новиот вид на вирусотима повисока стапка на смртност, иако научниците велат дека доказите за тоа остануваат неизвесни.
Грчката влада минатата недела повторно ги отвори основните училишта, градинките, продавниците и фризерските салони.
Можеби ќе ве интересира
КАКО СЕ ПРОДАВА СТАРТАП ЗА 35 МИЛИОНИ ЕВРА - тројца млади Хрвати го имаат одговорот

НАДВОР ОД ПРОТОКОЛ: Вучиќ синоќа отиде сам да пречека уште 500.000 кинески вакцини

Три грчки региони се во вонредна состојба поради земјотресите

Утре напладне почнува карантинот во Србија и ќе трае до понеделник

(ВИДЕО) Захариева повика да се погледне филмот „Историја од двете страни“

ПОСЛЕДНА ОПОМЕНА ПРЕД ЦЕЛОСНО ЗАТВОРАЊЕ: Војската е распоредена на улиците во Црна Гора

СКАНДАЛ: Очајни жени тужат салон за убавина - сакале да ги пополнат брчките, излегле со страшни изгореници

Српски аналитичар рече дека Каракачанов е Грк, а го спомена и македонското прашање
