Грците се против Договорот за името - им „боде очи“ Македонија
Објавено во: Балкан 24 Јуни, 2018
Мнозинството Грци се против потпишаниот историски договор за името меѓу Грција и Македонија, објавија грчките медиуми.
Тие не сакаат соседната земја да го користи името „Македонија”, покажува најновото истражување.
68,3 отсто од Грците се против договорот меѓу премиерот Алексис Ципрас и премиерот Зоран Заев.
Половина од Грците сакаат предвремени избори. Главната опозициска партија, Нова демократија, го зголеми водството во однос на СИРИЗА за 14,3 отсто од 10,3 отсто во март.