ГРЦИЈА СЕ ТРЕСЕ: Нов земјотрес кај Крит
Објавено во: Балкан 11 Декември, 2019
Тлото на Балканот се тресе од земјотреси. Умерен земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран ноќеска во морето кај островите Крит и Касос.
Засега нема информации за евентуална штета или повредени.
Земјотресот бил регистриран малку пред полноќ, на длабочина од 27 километри.
Епицентарот на потресот е регистриран 75 километри источно од местото Агиос Николаос, односно на 377 километри југоисточно од Атина.
Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтер, исто така, во непосредна близина на Крит, беше регистриран и на 27 ноември.