„ГРЦИЈА ВЕЌЕ НЕ Е ЦРНА ОВЦА“: Ципрас радосен за приклучувањето на Иницијативата 16+1
Објавено во: Балкан 14 Април, 2019
-Грција пред четири години беше неуспешна земја, „црна овца“ на Европа, без пристап до големите предизвици и настани во регионот и во судир со своите соседи-рекол грчкиот прмиер Алексис Ципрас и додал дека Грција денеска е земја која сите ја признаваат, која излегла од големите економски тешкотии и проблеми и го вратила угледот.
Ципрас вели дека со зачленувањето на Грција во Иницијативата 16+1, која ја сочинуваат земји од централна и источна Европа, неговата држава ја потврдила својата водечка улога на Балканот и ја обновила репутација.
Тој меѓудругото оценил дека неговата земја е центар на поврзаност во регионот и столб на стабилност, безбедност и соработка на североисточниот Медитеран посебно по потпишаниот Преспански договор.