ГРЦИТЕ ДЕНЕС ГЛАСААТ: Втор круг од локалните избори
Објавено во: Балкан 02 Јуни, 2019
Грците денес гласаат за да одберат градоначалници и префекти онаму каде што минатата недела ниту еден од кандидатите не освои 50 проценти плус еден глас, јави дописничката на МИА од Атина.
Повторно ќе се гласа и во двата најголеми грчки градови, Атина и Солун.
Мандатот на новоизбраните градоначалници, префекти и членови на општинските и регионалните совети започнува од 1 септември годинава и ќе трае до 31 август 2023.
Гласачките места исто како и во првиот круг ќе бидат отворени во 7 часот наутро, а гласањето ќе трае до 19 часот по локално време.
Фото pandiera.gr