25 Април, 2024
0.0296

Грците ги бараат имињата на бизнисмените кои плаќале за протести, што вели Заев?

Објавено во: Македонија 18 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Грчката опозициона коалиција Движење за промени, бара грчкото МНР да дознае од премиерот Зоран Заев кои се грчките и руските бизнисмени што плаќале за инциденти против Преспанскиот договор. 

Портпаролот на коалицијата изјавила дека МНР од Атина треба да го направи очигледното: Да стапи во контакт со господинот Заев за да дознае кои грчки бизнисмени се обиделе да подмитат и кого. Заев одговара нема потреба од давањето на тие искази кои денеска ги нарече непотврдени. Вели дека тоа се искази на лица, дадени во разговор во полицијата.

„Тоа се искази на луѓе кои го дадоа по нападите врз полицајците пред Собранието, како дел од навивавачката група Комити во Македонија. Јас тоа го коментирав за да испратам порака дека треба да се гради пријателство, а не да се создаваат основи за непријателство. Македонија веќе покажува пример за градење на пријателство и ние тоа ќе продолжиме да го правиме со сите земји, па така и со Руската федерација“ – рече Заев.

Откако во интервју за БазФид Њуз, обвини дека „грчки бизнисмени” кои „се сочувствителни на руската кауза“ им платиле на Македонци суми во износ од 13.000 до 21.000 долари за „извршување акти на насилство”, а потоа и дека станувало збор за руски бизнисмен, следеше остра реакција од руската амбасада во Македонија, која рече дека станува збор за паушални изјави. Тие посочија дека се работи за русофобија. 

Меѓународната новинарска истражувачка мрежа ОЦЦРП се повика на документи од македонското МВР според кои контроверзниот грчки бизнисмен, поранешен руски политичар Иван Савидис исплатил 300 илјади евра на навивачи и политичари кои во Скопје требало да организираат насилни инциденти против преспанскиот договор и македонското членство во НАТО. Савидис ги демантираше тие наводи и најави тужби за клевети. Тој е познат и по блиските врски со грчката Влада, односно со лидерот на независни Грци Панос Каменос, кој е дел од Владата на премиерот Алексис Ципрас. Насилните инциденти во Скопје се случија пред еден месец, на 17-ти јуни и оттогаш се тие изјави на дел од приведените- но досега МВР не излезе со конкретни детали правдајќи се дека нема да води истрага преку медиуми. Грција во меѓувреме протера и двајца дипломати поради инспирирање на протести против договорот во Грција.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот