19 Април, 2024
0.0276

Грците исплашени дека ќе влеземе во НАТО и без решен спор?

Објавено во: Македонија 22 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Во грчките медиуми се шири нова параноја дека постоела голема шанса Македонија најдоцна до новиот Самит на НАТО да стане членка на алијансата и без притоа да биде решен спорот за името со Грција кој трае речиси три децении, односно би се прифатила сегашната референца Поранешна Југословенска Република Македонија или ФИРОМ како што го користи грчката страна. 

Засега најголем приоритет за македонското членство во НАТО има во САД каде се поголем е стравот од руската надворешна агресија. Токму зачленувањето на Македонија во НАТО ќе се смета за голема победа и контра мерка за се што се случуваше изминатиот период кога односите меѓу САД и Русија ескалираа со вербалната војна.

Проблем е што токму тоа тврдење дека вака или онака Македонија мора да стане членка не значи дека ќе оди во наша полза. Да потсетиме дека грчките медиуми и напразно шират вакви теории, најверојатно за да извршат притисок врз грчката влада да размисли да постигне договор за решение за спорот за името што и за милиметар остапка од Македонија за Грција ќе значи апсолутен триумф, а наведната глава за македонската страна.

Исто така и македонската влада треба да биде свесна дека итноста во геополитичкиот план да влеземе во НАТО што побрзо може да значи и силен дипломатски притисок врз нас и ние да прифатиме било какво решение па дури и да си го голтнеме достоинството. Тој страв е многу повеќе оправдан за идентитетските одредници кај македонската страна, перспектива која секако воопшто не ја пишуваат грчките медиуми. 

Денес во Македонија, на Меѓународниот аеродром Скопје, слетува грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас кој ќе се сретне со македонскиот колега Никола Димитров, по што ќе се разговара токму за конкретните предлози доставени од двете страни за наоѓање на компромис за решавање на спорот за името. 

Со нетрпение сите оечкуваат да видат дали Грција ќе прикаже разумност во своите барања и услови или ќе претера со максималистичките диктати кои не смеат и не можат да бидат прифатени од македонската влада која не смее ни да помисли да го понижи сопствениот народ од што ќе нанесе сериозни и непремостливи последици во секоја смисла. 

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?