ГРЦИТЕ ИЗГЛАСАА: Ќе се отворат нови гранични премини кон Македонија
Објавено во: Македонија, Балкан 15 Мај, 2019
Изгласани договорите за новите гранични премини кон нашата земја.
Со гласовите од СИРИЗА, Река и Демократска алијанса, Парламентoт во Атина ги изгласа нацрт законите од Министерството за надворешни работи на Грција за Договорите за отворање на нови гранични премини кај Маркова нога и Мајден меѓу Северна Македонија и Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Нова демократија, Златна зора и Сојуз на централисти беа против, додека пак Комунистичката партија гласаше воздржано.
За двата предлог закони, присутните пратеници во Парламентот, на две посебни електронски гласања, го изразија нивниот став, кој се броеше како став на партиите.
На гласањето му претходеше расправа што траеше околу час и половина, при што говореа 10 пратеници. Сепак, во текот на дискусијата беше кажано дека Договорот од Преспа е штетен и неприфатлив.