Грците ќе ги враќаат иселените со плати од 3.000 евра
Објавено во: Економија, Балкан 12 Декември, 2019
Со плата од 3.000 евра, Грција ќе ги враќа младите кои се иселиле.
Ова е нова мерка за младите во Грција кои се иселиле од државата.
Податоците на грчката Централна банка, покажуваат дека 420.000 високообразовани, млади Грци ја напуштиле државата во последните десет години поради тешката финансиска криза и работа побарале во другите делови од светот.
Во согласност со новата програма “Ribrain Gris“, грчките власти сакаат да наговорат барем 500 висококвалификувани Грци на возраст од 28 до 40 години, кои моментално работат во странство да се вратат во нивната татковина, а им нудат добра позиција и минимална месечна плата од 3.000 евра (просечната плата во Грција лани била 1.100 евра).
Грција има голем дефицит на квалификувани работници, особено во IT секторот, и ќе се бараат оние работници кои имаат дипломи од тие подрачја.