ГРЦИТЕ НЕ ОТСТАПУВААТ: Протестот наместо во Атина ќе биде во Пиреја
Објавено во: Балкан 23 Јануари, 2018
Протестот против употребата за терминот „Македонија“ во кое било решение за името што требаше да се одржи во Атина на 4 февруари ќе се одржи во Пиреја, пишува грчкиoт весник „Катимерини“.
Весникот наведува дека во официјалното известување, организаторите кои стојат и зад протестот што се одржа во неделата во Солун, не сакале да предизвикаат сообраќаен хаос во центарот на Атина со одржување на протестот.
Но, според информациите на кои се повикува „Катимерини“, местото на одржување на протестот е сменето од безбедносни причини, затоа што организаторите стравувале од судири меѓу демонстрантите, од кои многу наводно припаѓаат на националистичкиот камп и самонаречените анархисти.
Грците на протестот ќе порачаат дека Македонија е грчка.