25 Април, 2024
0.1422

Грците полнат бензин, бараат пиперки, поправаат заби, но купуваат и станови во Јужна Македонија

Објавено во: Економија 18 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Каде одат и што купуваат Грците во Македонија. Ова прашање се отвори по пишувањето на грчките медиуми, според кои речиси 15 000 жители на северна Грција секој викенд се во јужна Македонија.  Освен на бензинските станици во близина на граничните премини, Грците ги има и во Валандово, Гевгелија и Струмица. Вработените на бензинските станици велат дека драстично е зголемен прометот, дури и над педесет отсто, а резервоарите на грчките возила најчесто се полнат до крај. -Грците ги има повеќе од порано. Најмалку полнат бензин за 20-30 евра, а најчесто резервоарите се полнат до крај при што трошат и над педесет евра, за да имаат да возат до наредното полнење. Покрај бензин, најчесто купуваат цигари, но не повеќе од една штека, бидејќи толку можат да внесат во нивната земја, информираат вработени од повеќе бензински станици во Струмица и Валандово. Речиси 15 илјади жители на северна Грција секој викенд ја посетуваат Гевгелија за да се коцкаат и шопинг, што предизвикува голема загриженост кај промоторите и претприемачите во регионот. Ова го пишува економскиот портал „Вориа“, истакнувајќи дека Грците од северниот дел на земјата премногу често ги посетуваат трите казина во близина на границата што „ја турка на коленици локалната економија на пограничните области во северниот дел на Грција“. Според податоците од полициската станица на Евзони, од 2009 година, секој петок границата ја поминуваат најмалку пет до шест илјади луѓе, додека во сабота тој број изнесува осум илјади. Пониски цени на производите на пазарите, стоматолошките услуги Неодамнешната репортажа на Фактор, покажа дека, покрај на бензинските станици, Грците не ги заобиколуваат ниту продавниците за храна, а во последно време повторно се актуелни стоматолозите. Соседите најмногу ги има во четврток и сабота, кога во Гевгелија и Струмица се пазарни денови. -Купувачи од Грција најмногу има во саботите, кога во Струмица е пазарен ден. Најчесто купуваат хемиски производи, бело сирење и сувомеснати производи, кои се далеку поефтини  отколку кај нив, ни рекоа продавачи од поголемите маркети во Струмица. -Нема ден да немаме пациент од Грција. Дури се случува еден откако ќе дојде, потоа да доведе други пациенти со него. Причина за тоа се многу пониските цени кај нас во споредба со нивните. Така на пример, коронка кај нив чини 300 евра, а кај нас 60, пломбирање заб кај нас чини 20, а во Грција 50 евра. Покрај поедниставните интервенции, пациентите од Грција бараат и комплетни стоматолошки услуги, велат од стоматолошките ординации во Струмица. Иста е состојбата и во Гевгелија, каде секој четврток Грците најмноги ги има на пазарот на отворено. Купуваат зеленчук и овошје, а голем интерес пројавуваат и за македонскиот мед. До пред неколку денови интересна за Грците била и пиперката ајварка. Не ја купувале во големи количини, бидејќи, според продавачите, тие ја подготвуваат за зимница како туршија. Се бараат станови и плацеви Во Гевгелија има голем интерес за купување станови и плацеви од грчки граѓани. Грци имаат изградено две згради за колективно домување, а цената за еден метар квадратен се движи од 600 до 1.000 евра. Во последно време неколку грчки грчки пензионери се преселиле да живеат во Гевгелија, бидејќи со нивните пензии многу полесно ги поминуваат пензионерските денови во Македонија. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди