Грците в четврток ќе му пресудат на Договорот од Преспа
Објавено во: Македонија, Балкан 21 Јануари, 2019
Во четврток грчките народни избраници ќе се изјаснат за Договорот од Преспа.
На 24 јануари, ќе гласаат за договорот од Преспа, објави новинската агенција „Ројтерс“ повикувајќи се на неименуван претставник од грчкиот Парламент.
Договорот со кој треба да се стави крај на долготрајниот спор за името меѓу Атина и Скопје денеска влезе во процедура за ратификација.
Според извори во Атина на пленарна седница ќе се најде во среда, а се очекува да се изгласа во четврток вечерта, или најдоцна во петок.
Во Атина вчера се одржаа демонстрации против Договорот од Преспа, а во немирите беа повредени најмалку 25 полицајци.
Договорот Грција и Македонија го постигнаа во јуни лани.