Грипот однесе уште една жртва
Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2020
Грипот ја зема и втората жртва во Македонија.
Станува збор за постар човек.
На Универзитетската клиника за инфективни болести почина 85-годишен пациент со масивна бронхопневмонија како компликација од грип од типот AH1. Пациентот имал и деменција и претходно прележана туберкулоза, информираа од оваа јавна здравствена установа.
Ова е втор смртен случај од компликација од грип. Минатата недела девојче почина на Универзитетската клиника за детски болести.