Груби се сретна со директорот на најголемиот фонд во светот кој тежи илјада милјарди долари
Објавено во: Економија 25 Септември, 2020
Првиот вицепремиер Артан Груби денес во својот кабинет оствари работен состанок со
Ханс Кристијан Нигард, генералниот директор на Норвешкиот Државен Инвестициски Фонд, кој е најголемиот во светот и патем е национализиран а тежи 1,1 трилиони долари, односно 1,1 илјада милијарди.
Груби, според соопштението од неговиот кабинет, го информирал Нигард дека Владата е пред афримативна одлука за инвестиција на Нормак во слободната економска зона во Тетово и дека сите формалности се исполнети од наша страна.
Првиот човек на најголемиот фонд на светот рекол дека ќе се ангажира во слободната економска зона во Тетово да има и други нови инвестиции преку кои ќе се отворат можности за вработување на жителите од тој регион.
Фондот има удели во повеќе од 9000 компании на глобално ниво, поседувајќи 1,5 отсто од сите акции на списокот. Инвестира и во обврзници и недвижнини.