04 Август, 2020
0.0237

Груевски до Десковска: Да каже барем една фирма која сум ја преземал со изнуда

Објавено во: Македонија 14 Декември, 2019

Eкс премиерот Никола Груевски по интервјуто на министерката за правда, Рената Десковска за ТВ 21, бара да каже барем една фирма која ја преземал со изнуда или без изнуда или на било каков начин, пред да го спомнува неговото име.

Бара од неа да изнесе докази и веднаш да ја конфискува. 

Пред две години српскиот политичар Јеремиќ изјави дека сум приватизирал фабрика за оружје во Србија. ОЈО веднаш побрза да објави дека за ова започнуваат истрага. Во овој контекст го повикувам Јовевски по две години откако под негово водство ОЈО објави дека ќе вршеле истрага, да ги објави резултатите од таа истрага. Самата објава дека ќе има истрага за нешто кај многумина создава сомнеж дека нешто се случило. Затоа, коректно е да се објават и резултатите од таа истрага. И уште нешто околу интервјуто на Десковска која изнесе неточни информации околу дејствија поврзани со Законот за јазиците и случајот ТНТ, на наводен неетички обид на мој адвокат. Јас немам од мене ангажиран адвокат во Македонија за случаите на СЈО повеќе од една година. Тие адвокати кои порано сум ги ангажирал, имале, имаат и ќе имаат илјадници други клиенти чии интереси ги бранеле, ги бранат и ќе ги бранат. Не личи на министер за правда кој претендира да биде сфатен сериозно да ја манипулира јавноста со фрази од типот “адвокатот на Груевски” направил ова или она, кога добро знае дека над една година немам ангажирано адвокат, а дека тие кои некогаш сум ги ангажирал денес бранат права и застапуваат многу други клиенти. Десковска може што сака да мисли и зборува за мене, но не личи да манипулира со јавноста создавајќи лажна слика и перцепција дека јас сум ангажирал адвокат сега да поведе некоја постапка во некаква моја корист“, пишува Груевски. 


Вели дека секој министер треба да знае што зборува, за да народот го сфати сериозно. 

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе почне преговори за парламентарно мнозинство

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе почне преговори за парламентарно мнозинство

Нуркачите го извлекоа од Преспанското Езеро безживотното тело на 16-годишното дете

Нуркачите го извлекоа од Преспанското Езеро безживотното тело на 16-годишното дете

Заев: СДСМ може да формира влада и со ДУИ, и со Алијанса и Алтернатива

Заев: СДСМ може да формира влада и со ДУИ, и со Алијанса и Алтернатива

КОВИД -19: Има 5 починати и 75 нови заразени

КОВИД -19: Има 5 починати и 75 нови заразени

Верификувани мандатите на новите 120 пратеници

Верификувани мандатите на новите 120 пратеници

ЕДЕН ПО ЕДЕН ЏАФЕРИ ГИ ПРОЗИВАШЕ ПРАТЕНИЦИТЕ, тројца се отсутни од првата седница, Шахпаска претседател на Верификациона

ЕДЕН ПО ЕДЕН ЏАФЕРИ ГИ ПРОЗИВАШЕ ПРАТЕНИЦИТЕ, тројца се отсутни од првата седница, Шахпаска претседател на Верификациона

СКОПЈАНЕЦ УБИЛ ЧОВЕК ВО ДОЛНО ДУПЕНИ - бил откриен откако го нашле трупот во распаѓање

СКОПЈАНЕЦ УБИЛ ЧОВЕК ВО ДОЛНО ДУПЕНИ - бил откриен откако го нашле трупот во распаѓање

ПЕДАЛИНКАТА БЕШЕ ИСПРАВНА И НЕ СЕ ПРЕВРТИ - се јави сопственикот, по момчето уште се трага

ПЕДАЛИНКАТА БЕШЕ ИСПРАВНА И НЕ СЕ ПРЕВРТИ - се јави сопственикот, по момчето уште се трага

АПАСИЕВ ПАК БРАНУВА: Бравата ќе ја смениме, чим им влеговме, нема излегување

АПАСИЕВ ПАК БРАНУВА: Бравата ќе ја смениме, чим им влеговме, нема излегување