Груевски му се лути на судот оти брзо ги закажува случаите во кои тој е обвинет

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2017
Низа обвинувања за протекционизам во судството испрати првиот опозиционер до судот по денешното рочиште за случајот со насилствата во општина Центар каде е прв обвинет токму тој.
Никола Груевски откако беше искаран од специјалната обвинителка Фатиме Фетаи за доцнењето на рочиштето, се пожали дека судот многу брзо и со набиена агенда ги закажува рочиштата во кои тој мора да биде на судење, додека случаите во кои е обвинет премиерот се одложуваат и чекаат со месеци.
„Судот, за случаите во кои се обвинети членови на ВМРО-ДПМНЕ, рочиштата ги закажува на два-три дена, со набиена агенда, додека случаите за кои е обвинет Зоран Заев се чека со месеци, што укажува на протекционизам“, посочи Груевски.
Лидерот на ВМРО ДПМЕН не сакаше да дава коментари за вчерашната средба кај претседателот Иванов каде беше на средба со премиерот Заев, но она што го кажа е дека неговата партија по последните притвори за пратеници нема донесена одлука за напуштање на Собранието.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пратениците не си ги скратија патните трошоци

ТРИФОНОВ ВЕЛИ ДЕКА МАКЕДОНЦИТЕ СЕ МНОГУ НЕБЛАГОДАРНИ: Преку криви макарони ќе ја видат ЕУ

ДВА МЕСЕЦИ ЌЕ ИМА ЗАСТОЈ: Дел од товарен воз кој сообраќал од Гевгелија за Солун излетал од шините

ПРАТЕНИКОТ МУРАТИ ГО КРИТИКУВАШЕ ГОВОРОТ НА ДОДИК ЗА СВЕТИ САВА: Стоилковиќ даде објаснување за настанот

ЌЕ СЕ МЕНУВА ДРЖАВНИОТ ГРБ: Мицкоски и ВРЕДИ разговараат за ова прашање

OJO: Преку системот на Европол ќе се обезбедуваат податоци за банкарски сметки и имот во странство на корумпирани бизнисмени и функционер

ЗАПЛЕНЕТA ГОЛЕМА КОЛИЧИНА ДРОГА НА ГРАНИЦА - голема акција на МВР и Царина

ОПОЗИЦИЈАТА ПРАШУВА, ВЛАСТА ОДГОВАРА - еве кои пратеници и министри денеска ќе ги вкрстат копјата
