Груевски: Оттука одам веднаш на протест, СДСМ да престане да се изживува
Објавено во: Македонија 28 Ноември, 2017
„ВМРО ДПМНЕ ја води таа битка за правдината и битка за татковината, ние ќе биде на чело на таа битка со идеја и чест и со име, таа битка ќе биде тешка и долга, но таа битка ќе се добие. Таа мора да резултира со победа, ние ќе бидеме гласот и во ова време невреме, оние кои чувствуваат страв и во изобилство го сервира оваа ненародна власт на Заев. Ние ќе бидеме на браникот на татковината, да ги браниме слободата и патриотизмот на народот, секаде со народот тоа е нашата максима, на улиците, по домовите секаде каде што треба. Бараме безусловно запирање на сите овие процеси на овој политички прогон, бараме итно и безусловно стопирање на малтретирањата, теророт и иживувањата кои го прави СДС“, рече првиот опозиционер Никола Груевски на прес конференцијата.
Груевски рече дека тркаллото се врти и дека сите ќе одговарале за прекршувања на законот.
Одговорајќи на новинарско прашање, Груевски рече дека од прес конференцијата оди директно на протест пред судот.