Груевски сега е лидер на партија со одземен пасош
Објавено во: Македонија 23 Јули, 2017
Апелациониот суд по долго одлучување реши да ги одбие жалбите на Специјалното јавно обвинителство за притвори за обвинетите во предметот „Титаник“.
Бидејќи не е изречена мерка притвор Апелациониот суд реши само да ја потврди одлуката за одземање на патните исправи на Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски и Мартин Протоѓер.
Апелациониот суд исто така не го прифати барањето на обвинетите кои се жалеа против одлуката да им бидат одземени пасошите. Тие посочија дека немаат намера да бегаат, а Груевски во жалбената постапка посочи дека планира со ВМРО-ДПМНЕ да победи на локалните избори во октомври и да се врати на власт.