14 Август, 2020
0.0249

ГРУЕВСКИ СО ПОРАКА ДО СЈО: Нема да не скршите

Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2017

Откако СЈО побара притвор за првиот опозиционер Никола Груевски, тој на прес конференција, рече дека ова што СЈО го прави е срам и кукавички чини и дека СЈО не е обвинителство туку политичка канцеларија на СДСМ.

Груевски потенцира дека најголем доказ дека СЈО е политички процес со политичка цел е тоа што носи одлуки без никакви правни докази.

Тој вели дека целта на СЈО е да се елиминира политички партијата ВМРО ДПМНЕ за слабеење на Македонија и дека целта на СДСМ била да се уништи една политичка гарнитура.

„Јас ќе им порачам дека нема да не скршат, ние остануваме на бедемот на државата. 

Нашиот грев е што 11 години бевме на браникот на одбраната бранејќи го интересот на државата“, рече Груевски.

На прес конференцијата тој зборуваше за омраза на СДСМ и дека партиски луѓе на премиерот Заев биле во контакт со обвинители од СЈО и им давале насоки како да дејствуваат.

Првиот човек на ВМРО ДПМНЕ исто така посочи дека се „нападнати и судии, членови на ДИК, новинари, поради критичко опсервирање. Целта е да се заплашат судиите.

Вели дека тие се водени од омраза и гнев и од обврските кон налогодавачите идека тоа нема да го преспијат. 

„Конструктивноста во нашето дејствување завршува денеска“, дециден е тој.

Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 4.000 ЛУЃЕ СЕ ЈАВИЛЕ КАЈ ПСИХИЈАТРИТЕ: Откако почна корона епидемијата, многумина имале проблеми поради карантините

ДУРИ 4.000 ЛУЃЕ СЕ ЈАВИЛЕ КАЈ ПСИХИЈАТРИТЕ: Откако почна корона епидемијата, многумина имале проблеми поради карантините

Полицијата го фати тетовецот кој ги запали возилата на ЕВН

Полицијата го фати тетовецот кој ги запали возилата на ЕВН

А1 Македонија до корисниците што имаат сметки во Македонски пошти: Услугите може да се плаќаат онлајн

А1 Македонија до корисниците што имаат сметки во Македонски пошти: Услугите може да се плаќаат онлајн

Во Инџиково крадци го убиле пред сопругата и роднините

Во Инџиково крадци го убиле пред сопругата и роднините

Во Тетово запалени две возила на ЕВН поради поскапувањето на струјата

Во Тетово запалени две возила на ЕВН поради поскапувањето на струјата

ЛИСТА НА ЗЕМЈИ „ИЗВОЗНИЦИ“ НА КОРОНА: Kaде се најде Македонија?

ЛИСТА НА ЗЕМЈИ „ИЗВОЗНИЦИ“ НА КОРОНА: Kaде се најде Македонија?

МУ УКРАЛЕ 6.000 ФРАНЦИ И АВТОМОБИЛ: Maкедонец ограбен во Драч

МУ УКРАЛЕ 6.000 ФРАНЦИ И АВТОМОБИЛ: Maкедонец ограбен во Драч

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев го доби мандатот, а ВМРО-ДПМНЕ ги замрзна односите со Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев го доби мандатот, а ВМРО-ДПМНЕ ги замрзна односите со Пендаровски

Земјотрес е регистриран во околината на Пехчево

Земјотрес е регистриран во околината на Пехчево